Наскоро кога ќе изнајмите сметување преку Airbnb посебен уред ќе ве слуша дали правите забави

- Advertisement -

При планирањето патување и барање сместување за милиони патници првиот избор најчесто е Airbnb. Сервисот кој ги поврзува луѓето што нудат сместување и тие што бараат е популарен во целиот свет, но проблем при таквиот начин на изнајмување е што никогаш не знаете кој ќе ви се појави на врата.

Честопати изнајмувачите сакаат само да преспијат и наместо во хотел, се одлучиле за Airbnb поради пониската цена, но понекогаш тоа се млади луѓе желни за забава и со оглед на тоа дека во друга држава остануваат само неколку ноќи, нмеаат многу обзир за соседите. Тие неретко прават забави, што ги излудува соседите, а сопствениците на становите кои се изнајмуваат не се свеснии за тоа како нивните гости го поминуваат времето.

- Advertisement -

Во Airbnb се свесни за тој проблем и преку имејл на луѓето што изнајмуваат сега им препорачуваат да купат уред за спречување забави. Станува збор за сензор за ниво на бучава кој ако бучавата надмине некоја граница, го известува сопственикот за тоа како може правилно да реагира.

Таквите уреди и сензори експертите за приватност не ги прифатија со одушевување затоа што е еден вид надзор и треба да се балансира надзорот над гостите и нивната приватност и функционалност. Тие уреди се направени за собирање податоци. Од Airbnb сметаат дека нема опасност за гостите и нивната приватност затоа што не снимаат звуци, само го следат нивото на бучава во реално време. Приватноста на гостите е загарантирана, а изнајмувачите мора гостите да ги предупредат на постоењето на такви сензори во просториите кои се изнајмуваат.

Сподели!
- Advertisement -