- Advertisement -
По две години чекање, ЕЛЕМ Турс конечно ја пушти во употреба новата шестоседна жичница во најголемиот зимски туристички центар во Македонија – Попова Шапка.
Новата аквизиција го означи стартот на работата сп присутво на техничкиот премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Садула Дураки, министерот Крешник Бектеши и директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски и управителот на ЕЛЕМ Турс Џемаиљ.
- Advertisement -

Работата на овој проект се движеше во застој повеќе години, а требаше да биде реализиран минатата скијачка сезона.
Иницијативата „Спас за Попова Шапка“ тврдеше дека АД ЕСМ не ѝ пушта електрична енергија на фирмата ќерка ЕЛЕМ Турс, која ја градеше шестоседната жичница, и дека поради тоа се одложува техничкиот прием.
- Advertisement -