Додека целиот свет внимателно го следи развојот на епидемијата на корона вирусот, научниците се брзаат да развијат вакцина и лекови за да се стопира неговото ширење. Но, дали знаете дека и вие од дома можете да дадете свој придонес во истражувањата и истовремено да се забавувате?
Универзитетот Вашингтон осмисли и ја направи видеоиграта Fold, која го симулира развојот и однесувањето на протеините во вирусот. Доволно е да се преземе играта, да се одиграат неколку сложувачки за да сфатите како функционира и да почнете навистина да играте.
Foldit е видеоигра која е развиена за луѓето од целиот свет да им помогнат да го проучат начинот на кој специфичниотѕ протеин се формира во прав облик, а и за да ги разберат причините за настанување на болеста и да развијат нови лекови. Проблемот е кога ќе се појави нова низа аминокиселини, кои, теоретски, може да се сложуваат на милиони различни начини. За да откријат кој е вистинскиот начин и да можат да го предвидат правиот облик на одреден протеин, научниците трошат многу време на милијарди пресметки дури и за најмалите протеини.
Foldit на забавен начин ги тера играчите да решаваат сложени проблеми кои создаваат тешкотии и на суперкомпјутерите. Забавен е и графичкиот интерфејс, веселата музика, алатите кои тресат и замрзнуваат во комбинација со наградите, натпреварите и предизвиците кои ќе го привлечат и ќе го задржат вашето внимание.