Он-дименд платформата за работа се шири со нова рунда финансирање предводена од Recruit која е најголемата HR Tech компанија во светот во чија сопственост се познатите Indeed , Glassdoor и многу други.
Водечката он-дименд платформа за барање работни позиции – Upshift, доби инвестиција од 3.7 милиони американски долари за ширење на својот тим и забрзување на растот.
Платформата на Upshift, функционална на паметните телефони и преку веб, поврзува луѓе коишто бараат дополнителна работа или нови работни позиции во угостителскиот сектор, особено во услужните дејности кои имаат недостиг на работна сила, помагајќи да се задоволи високата побарувачка за краткотрајни работни решенија.
HR Tech Investments – инвестициска гранка на интернет платформата Indeed ја поведе вложувачката рунда во Upshiftсо учество од Rev1 Ventures од Колумбус, Охајо и Data Point Capital од Бостон.
„Бараме фирми кои не само што се подготвени да играат на големиот пазар и се водени од одличен менаџмент, туку и компании кои активно со иновации ќе го нарушат статус-квото “, вели Скот Савиц, главниот партнер на Data Point Capital.
„Со агресивен троцифрен раст на приходите, илјадници прекрасни
личности кои ја користат платформата на месечно ниво, и енормен список на клиенти за коишто повеќето компании би направиле се да го добијат, гледаме само светла иднина за Upshift “.
Луѓе од 15 метрополитенски области, вклучувајки ги Северна Каролина, Охајо, Кентаки, Индијана, Пенсилванија, Тенеси и Тексас го гледаат Upshift како поддршка за нивните секојдневни потреби, но и како подолгорочно решение. Десетици илјади вработени го користат Upshift за да добијат шанса да работат во повеќе од 1,000 компании кои се наоѓаат на Fortune 500 листата, вклучувајќи и големи хотели, ресорти, итн.
Хотелите Hayat, Intercontinental, компаниите како Таkay и Kroger се само неколку од многуте компании во угостителскиот и лесно индустрискиот сектор кои се партнери на Upshift.
За разлика од многу компании од оваа индустрија, Upshift директно ги вработува оние кои работат на нивната платформата. Ова значи дека луѓето коишто работат се обезбедени преку стандардните работодавачки односи, вклучувајќи надоместок за работникот, осигурување и други заштити. Ова исто така значи дека клиентите, работодавачите на Upshift немаат обврски, кон Апшифтерите, коишто се пропишани со стандардниот модел на вработување 1099.
Upshift има ригорозни претпристапни начини на вработување кои вклучуваат интервју лице в лице со работникот. Само 12% од пријавените успешно го завршуваат претпристапниот процес.
Ова, комбинирано со интуитивната, лесна за користење технологија и строгите дисциплински практики на Upshift, доведува до тоа над 95% од “aпшифтерите” лесно да се справат со работните задачи. Тоа е двојно повеќе од стандардот за успех во индустријата.
„Воодушевен сум од партнерството со Recruit’s HR Technology Investments. ! Со оваа инвестиција го надградуваме продукт тимот тука во Скопје “, вели Никола Јордановски, соосновач и технички директор на Upshift.
„Мило ми е што толку многу aпшифтери видоа успех во користење на платофрмата, а особено сум горд што целиот производ е целосно изработен од mакедонскиот тим во Скопје“.
Инвестцијата ќе овозможи надградување на продукт тимот во Скопје со нови вработувања како и отворање нови пазари и вложување во маркетинг.
Upshift е водечка он-дименд платформа за работа која работи во угостителскиот сектор и останатите услужни дејности, помагајќи им на луѓето да засноваат
привремен или постојан работен однос. Со стапка на успешност од над 95%, Upshift е водач и исполнува двојно повеќе од стандардите на индустријата. Со седиште во Синсинати, Охајо, Upshift помага на луѓе и бизниси во 15 големи метро области.