Железничката линија Скопје-Приштина повторно во функција

- Advertisement -

Од понеделник се враќа во сообраќај патничкиот воз Скопје-Приштина и обратно. Возот поради одредени технички проблеми не сообраќаше редовно, а со нивно надминување, повторно е во функција, соопштија денеска од Железници Транспорт. 

Оттаму информираат дека возниот ред останува ист. Поаѓањето од Скопје ќе биде во 16.10 часот, додека возот се очекува да пристигне во Приштина во 19.10 часот. Од Приштина  поаѓањето ќе биде во 07.10 часот, а пристигнувањето во Скопје во 09.52 часот.

- Advertisement -

„Воведувањето на редовната линија на возот Скопје-Приштина-Скопје се очекува значително да го зголеми движењето на патниците уште повеќе, со оглед на секојдневните потреби што луѓето ги имаат од двете страни на границата“, стои во соопштението.

Сподели!
- Advertisement -