Oтворен е повик за номинирање за награди за филантропија ОКО 2019

- Advertisement -

ПОВИК ЗА НОМИНИРАЊЕ – НАГРАДИ ЗА ФИЛАНТРОПИЈА ОКО ЗА 2019 ГОДИНА

Здружението ХОРУС го објавува Повикот за номинирање за  годишните Награди за филантропија ОКО за 2019 година.

- Advertisement -

Цел на Наградите за филантропија ОКО е да се препознаат и јавно истакнат  компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите кои несебично, долгорочно и на стратешки начин го помагаат и поддржуваат развојот на заедницата  и да го  промовира и стимулира развојот на филантропијата и културата на донирање во Р. Македонија.

Наградите ОКО  им даваат можност на граѓаните, јавните институции,  граѓанските организации и крајните корисници на донациите јавно да ја искажат својата благодарност кон донаторите. Од друга страна, наградите им даваат можност и на самите донатори да добијат поголема поддршка од јавноста за проектите во кои веруваат и со кои навистина придонесуваат кон заживување и развој на вредностите како солидарност, почит, етичност, човекољубие и добродетелство.

- Advertisement -

Наградите за филантропија ОКО се реализираат во рамки на проектот SIGN Up for Impact (SUfI) имплементиран од организациите-членки на SIGN – регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан, а финансиран од Европската унија и Балканскиот фонд за демократија.

Наградите за филантропија ОКО за 2019 година ќе се доделат во следниве категории:

- Advertisement -

1.       ОКО – Награда за корпоративна филантропија (посебна за големо, средно и мало претпријатие)

2.       ОКО – Награда за индивидуален филантроп од Р. Македонија

3.       ОКО – Награда за индивидуален филантроп од дијаспората

4.       ОКО – Награда за  здружение/фондација за посебен придонес кон развој на филантропските практики во Република Македонија

5.       ОКО – Награда за медиум за посебен придонес кон развој на филантропските практики во Република Македонија

6.       ОКО –Награда за воспоставено долгорочно-стратешко партнерство помеѓу  деловниот и граѓанскиот сектор (заедничка награда за претпријатие и здружение/фондација)

Формуларите за номинирање можете да ги превземете на следниов линк: http://bit.ly/396HK04

Начин и рок за пријавување:

Пополнетиот Формулар за номинирањe и прилозите се испраќаат во електронска форма на е-мејл адресата nagradizafilantropija@gmail.com со назнака: Номинација за ОКО – Награди за филантропија 2019. Последен рок за доставување на номинациите е 13 март 2020 година до 17:00 часот. Сите номинации кои ќе бидат испратени по крајниот рок нема да бидат земени в предвид.

За сите дополнителни прашања во однос на Формуларот за номинирање или за самиот процес на избор, може да ни се обратите преку е-пошта на nagradizafilantropija@gmail.com со назнака Прашање за награди за филантропија.

Сподели!
- Advertisement -