„Зелени“ кредити од ЕБОР за Шпаркасе Македонија

- Advertisement -

Европската банка за обнова и развој и додели два кредити на банката „Шпаркасе Македонија“ наменети за промоција на инвестиции во приватни згради во Северна Македонија, објави порталот „Микрокапитал“.

Поголемата позајмица, во износ од три милиони евра, е наменета за исплата на хипотекарни кредити за идни сопственици на станови, а втората, од два милиони евра, ќе се користи за  финансирање „зелени технологии со високи перформанси во приватни згради, вклучително и во станбени објекти“.

- Advertisement -

Вториот, „зелен“ кредит, чија цел е да се придонесе за намалување на загадувањето на воздухот и зголемување на енергетската ефикасност, е обезбеден преку Инструментот за финансирање на зелената економија (ГЕФФ) на ЕБРД. „Шпаркасе Македонија“ во 2018 година имаше 60.000 клиенти и вкупна вредност од 346 милиони евра. Истата година, банката оствари профит од 155 милиони денари.

Сподели!
- Advertisement -