Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата

- Advertisement -

Кај компаниите постои расположение да се почитуваат мерките кои Владата ги донесе за справување со штетните последици од Ковид-19, но за да се спречат поголеми штети по економијата мора да се размислува и за ургентна и навремена помош која институциите би му ја овозможиле на приватниот сектор, вели претседателот на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска.

Сето ова има и општествена и хумана компонента, никој не сака вработените да се разболат или нивните децата да останат незгрижени. Меѓутоа мора да се размисли и околу тоа дали и колку ќе можат компаниите да го издржат притисок кој доаѓа од различни страни. Верувам дека институциите ќе реагираат навремено и дека ќе преземат мерки по примерот на САД, Германија, Словенија за да се намалат штетните последици по економијата, бидејќи тоа негативно ќе влијае на целото општество. Во останатите држави се изготвени предлози за финансиска помош за одржување на ликвидноста на компаниите што се најтешко погодени од влијанието на појавата, кои се добар пример за помош “,  вели Арсовска.

- Advertisement -

На приватниот сектор може да му се помогне на различни начини, преку одвојување на средства во буџетот, привремено ослободување или одложување на плаќањата на даночните обврски или пак преку поволни кредитни линии и можности за репрограмирање на обврските кои би ги овозможиле институциите и банките.

Не треба да се дозволи компаниите да не можат да ги остварат планираните активности особено оние кои имаат производни процеси поврзани со извоз во земји кои ни се традиционални трговски партнери“ потенцира Арсовска.

Сподели!
- Advertisement -