Компанијата TCL претстави смартфон со три екрани

- Advertisement -

Компанијата TCL неодамна го претстави претставникот на новата генерација телефони на преклоп со дури три екрани, кој кога ќе биде целосно расклопен, ќе има екран со површина од 10 инчи.

Хибридот меѓу таблет и телефон користи DragonHinge, односно т.н. змејска шара која може да се превиткува во неколку различни правци. Телефонот може да се преклопи така што два екрани се отворени, а третиот служи како потпирач. Секако, може да се склопи и на само еден екран и да се користи како обичен смартфон.

- Advertisement -

Трикот во дизајнот на новиот уред е тоа што е поделен во три сегменти од 6,65 инчи, од кои секој има посебна батерија. Откако ќе се склопи во смартфон, чувството, велат тие што го испробале, е како да држите три телефони.

Прототипот на TCL работи на Android, кој е прилагоден на необичната конструкција на телефонот, иако е очигледно дека софтверот почнува да затајува при префрлањето меѓу различни начини на работа.

Сподели!
- Advertisement -