Корoна вирусот и се заканува и на Олимпијадата во Јапонија

- Advertisement -

Јапонија може да ги одложи Летните олимписки игри до крајот на годината, изјави јапонската министерка за Олимписки игри, Сеико Хашимото, повикувајќи се на договорот кој го има Токио со Меѓународниот олимписки комитет (МОК).

Хашимото, одговарајќи на прашањата на пратениците во јапонскиот парламент по повод ситуацијата со корона вирусот, објасни дека според договорот со МОК, Токио може да ги осложува игрите се до крајот на годината.

- Advertisement -

Во договорот стои дека игрите треба да се одржат во текот на 2020 година. Тоа може да се сфати како дозвола за одложување, иако правиме се што можеме за игрите да се одржат според првобитниот план“, изјави Хашимот.

Олимписките игри во Токио треба да се одржат од 24 јули до 9 август, но поради ширењето на епидемијата на корона вирусот во соседна Кина, а потоа и глобално, во опасност е доведено нивното одржување.

- Advertisement -

Од Меѓународниот олимписки комитет минатата недела изјавија дека се целосно посветени на планот Олимпијадата да се одржи според утврдениот календар. Јапонија досега има инвестирано 11 милијарди евра во подготовките за Олимпијадата.

Сподели!
- Advertisement -