Чифлиганец преку Адора инженеринг ја зацврстува довербата во Комерцијална банка

- Advertisement -

Адора инженеринг деновиве ја зголеми сопственичката структура во една од најреномираните банки во земјава- Комерцијална банка АД Скопје. Правното лице Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје, сега поседува 291.380 обични акции со право на глас во најголемата и најсигурната банка во земјава, или 12,78 % од основната главнина во банката.

Компанијата оваа инвестиција ја реализира најтранспарентно на Македонската берза за хартии од вредност, купувајќи минатата недела 13.600 обични акции по цена од 7.900 денари по акција, а деновиве купи 10.872 акции по пазарна цена од 6.761 денар за акција. Ова покажува дека компанијата Адора инженеринг верува во сигурноста и стабилноста на Комерцијална банка-Скопје. Берзанските аналитичари велат дека станува збор за позитивен потег, дури и во време кога поради корона вирусот паѓаат и домашната, а особено е остар падот на светските берзи.

- Advertisement -

Според нив позитивно е тоа што Адора купува акции по пазарни цени на Македонската берза за хартии  од вредност, нема договорени блок трансакции по однапред утврдени цени, како што се случувало обично на берзата кога станува збор за купување на поголем број акции во некоја од македонските компании, банки. Адора  покажа сериозен пристап и континуитет во купувањето на акции во Комерцијална банка.

Што значи довербата во една од најголемите и најсигурните банки- Комерцијална банка Скопје станува уште поголема со тоа што проф. д-р Ванчо Чифлиганец преку Адора инженеринг го зацврстува своето учество во банката, станувајќи квалификуван акционер, односно најголем поединечен акционер, поседувајќи 12,78 % од основната главнина на банката и е член на Надзорниот одбор во Комерцијална банка.

- Advertisement -

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец не сакаше многу да образложува, само кусо изјави дека верува во вложените финансиски средства, бидејќи од година во година Комерцијална банка се профилира во најголемата и најсигурната банка за депонентите, клиентите, а на крајот и за акционерите. Се работи за банка со над 95 % учество на македонски капитал во сопственичката структура.

„Верувам во мојата земја и во македонската економија. Верувам дека инвестираните средства ќе вродат со плод. Секогаш сум имал знаење, храброст и сум сметал дека со посветеност и со пот, успехот секогаш доаѓа“, вели генералниот директор на Адора Инженеринг, проф.д-р Ванчо Чифлиганец.

- Advertisement -

Адора инженеринг веќе 18 години е лидер во градежништвото –високоградба, клучен сектор кој ја раздвижуваше економијата, но во изминатите две години застана работата во овој сектор, мораториумите си го направија своето, се стесни просторот за инвестирање во овој сектор. Бројот на вработени во Адора од 500 лица, до пред неколку години, кои работеа на повеќе објекти во Скопје се сведе на 50-тина. Ова се причините поради кои градежниот бренд инвестициите ги насочи во финансискиот сектор.

Сподели!
- Advertisement -