Пропоинт, зелена компанија која со вградување соларни панели ја намали емисијата на CO2 за 470 тони за една година!

- Advertisement -

Пропоинт се вбројува меѓу најдобрите печатници во Македонија и веќе 24 години воведува технолошки иновации на пазарот со континуирано инвестирање во нови технологии од врвни европски и светски производители.

Паралелно со инвестициите во офсет и дигиталното печатење, како и етикети во ролна, зголемувањето на капацитетот и квалитетот, тие континуирано размислуваат за енергетската одржливост во компанијата. Преку последните инвестиции и вложувања во промените на начинот на работењето, Пропоинт се доближува до нивото „100% зелена компанија“ со што дава свој позитивен придонес кон климатските промени.  

- Advertisement -

Во “Пропоинт“ се сретнавме и разговаравме со Александар и Филип Христови, сопственици и манаџери на компанијата.

Минатата година печатницата, со кофинансирање од Фондот за иновации и технолошки развој, инвестираше во соларна централа со капацитет од 425 киловат часови. Добиената енергија ја користат за сопствени потреби.

- Advertisement -

Вкупното прозводство на електрична енергија во 2019 година изнесувало околу 500 MWh, со што тие оствариле придонес за 470 тони CO2 редукција на јаглерод диоксид.

“Многу сме задоволни со одлуката за инвестирање во соларната централа, која е направена од квалитетни соларни панели со голем капацитет на искористување на сончевата енергија, и во услови и период кога нема многу сончеви денови“.

- Advertisement -

Од каде дојде мотивацијата да влезете во ваков проект?

Во одлуката за оваа инвестиција многу важни беа две мотивации. Едната е од економски карактер, односно намалување оперативни трошоци по основ на трошок на електрична енергија. Втората мотивација е свесноста какво влијание има нашето работење врз околината и климатските промени. Водени од мотивациите и од позитивното едногодишно искуство употреба на соларна енергија, произлезе следната наша инвестиција а тоа е електрични возила за дистрибуција на печатените материјали до нашиот купец. Полначите се поставени, возилата се стигнати.

Со оваа мерка Пропоинт се доближува кон поставената цел, да биде “100 проценти зелена компанија”, да внесе сериозен придонес кон намалување на загадувањето и намалување на негативните ефекти врз климатските промени, а се надеваме и на подигнување на свеста на целата популација. Околу седум години е период за поврат на инвестицијата во соларната централа.

Исто така важен факт кој сакам да го потенцирам е дека користиме многу софистицирани машини и еколошки бои за печатење со што се трудиме да влијаеме на намалување на загадувањето.

Освен интензивните инвестиции во проекти базирани на заштеда на енергија и намалување на загадувањето, што друго ги прави Пропоинт единствени на пазарот?

Квалитетот на производите излезени од нашата печатница во која допринесуваат 65 вработени, е дефинитивно карактеристиката по која сме препознатливи и горди. И не само инвестирање во технологијата, мора да напоменеме дека изминативе години инвестиравме и во свој работен простор – производен погон, канцеларии и магацин со вкупна површина од 5200 м2.

Печатарскиот бизнис во светски рамки е на удар под влијание на зголемените процеси на дигитализација. Како Пропоинт се носи со овие трендови?

Да, вистина е дека печатарската индустрија е пред сериозни предизвици. Нашата предност е што ние будно го следиме развојот и континуирано инвестираме во нови машини и напредна технологија која се адаптира на новите потреби и барања на пазарот. Тие трендови се во насока на зголемена побарувачка на картонска амбалажа и етикети во ролна.

Населението на планетава се зголемува и побарувачката на амбалажа расте. Во контекст на глобалната кампања за отстранување од употреба на пластика, која се смета за најголем загадувач во моментов, расте побарувачката на амбалажа од хартија и картон.

Практично се менува структурата на побарувачката на печатарски услуги, но ние го следиме развојот и трендот и се насочуваме во оној дел кај што расте побарувачката.

Сподели!
- Advertisement -