Официјално одложени Олимшиските игри во Токио

- Advertisement -

Олимписките игри во Токио се одложени поради панедмијата на корона вирусот. Олимписките игри, 32. по ред, требаше да се одржат од 24 јули до 9 август, но поради корона вирусот со кој се бори целиот свет се одложени, а крајниот нов датум на одржување е летото 2021 година.

Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет на денешниот вонреден состанок одлучи дека е невозможно да се одржат Олимписките игри во Токио годинава.

- Advertisement -

Оваа одлука е сосема очекувана со оглед на тоа дека спортистите не можат да се спремаат на вообичаен начин за натпреварите, а исто така не се познати ни имињата на многу учесници затоа што квалификациските турнири во разни спортови се откажани поради корона вирусот.

Исто така, олимшиските комитети на Австралија и Канада претходно веќе објавија дека нема да ги испраќаат сввоите спортисти на игрите ако се одржат ова лето. Освен Олимписките игри, одложени се и 16. Параолимписки игри, кои требаше да се одржат во Токио од 25 август со 6 септември.

- Advertisement -

Ова е прв пат во историјата на Олимписките игри да се откажат игрите во мирни времиња. Досега се откажани трипати: во 1916 година поради Првата светска војна, во 1940 и 1944 година поради Втората светска војна.

Сподели!
- Advertisement -