Oд утре почнува аплицирањето за бескаматните кредити за најпогодените фирми од коронавирусот

- Advertisement -

Кире Наумов, директорот на Равојната банка денеска на прес-конференција истакна дека банката ќе овозможи бескаматни кредити за оние компании кои ќе бидат најпогодени од коронавирусот.

„Ќе ги кредитираме најпогодени сектори угостителство, туризам и товарниот транспорт. Почетно да им помогнеме на најпогодените сектори да ги надминат проблемите со ликвидноста во почетниот период. Без каматна стапка, со рок на отплата од 24 месеци, и грејс период од 6 месеци. Износите на кредитот за кој може да аплицираат претпријатијата ќе зависи од бројот на вработени, и тоа:

- Advertisement -

До 10 вработени до 5.000 евра, од 10 до 50 вработени од 5.000 до 15.000 евра, и над 51 вработени, до 30.000 евра.

Целиот процес за аплицирање ќе се прави електронски. Неопходната документација ќе се доставува на е-мајл адреса. Потребните документи се: тековна состојба, завршна сметка за 2019 година, потврда за платени даноци и придонеси од УЈП, потврда дека за претпријатието не се води стечај, ЗПО образец од ЦР.

- Advertisement -

Освен ова ќе биде потребна кредитна апликација која ќе може да се симне од веб страницата на Развојна банка. Развојната банка ќе го следи настаните, и ќе настојува да биде поддршка за микро, малите и средни прептријатија.“, рече Наумов.

Сподели!
- Advertisement -