Министерството за финансии има три сценарија за корона кризата – поволно, неповолно и најнеповолно!

- Advertisement -

Наплатата на вкупните приходи во јануари беше за 4,6% и февруари за 4% беше за повисока во однос на минатата година, од кои во јануари порастот на даноците и придонесите е 10,7%, додека во февруари 6,1%. Овие резултати беа во рамки на проекциите за овие месеци. Позитивните движења продолжија во првата половина од март, изјави на денешната прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска.

Преземањето на мерките за заштита од ширење на Covid-19 и ставајќи го здравјето на граѓаните на прво место, делуваше на намалување на економската активност, што очекувано почна да се рефлектира на полнењето на буџетската каса.

- Advertisement -

Почнувајќи од 20 март, односно кога почнуваат да се чувствуваат ефектите од здравствените мерки преземени за спречување на ширење на корона вирусот, се забележува остар пад на даночните приходи од околу 25% на дневно. Ова доведе до пад на вкупните даночни приходи за месец март за 11% во однос на претходната година. Ова се должи на:

  • Пад на наплата на ДДВ за месец март за 17%;
  • Пад на акцизата за 11%;
  • Пад на данокот на добивка за 11% и тоа со предвреме уплатена аконтација од општествено одговорни компании во контекст на помош за коронакризата.

Во изминатиот период во Министерството за финансии се изработуваа повеќе сценарија за исходи од коронакризата, односно како истата би влијаела на остварувањата на приходите во буџетот во 2020 година, изјави Ангеловска

- Advertisement -

Во главно, имаме три основни сценарија: поволно, неповолно и најнеповолно. Кај сите сценарија најголемиот пад на даноците се очекува во вториот квартал од 40% до 65% во однос на претходната година, додека претпоставките за третиот и четвртиот квартал се разликуваат согласно кога би започнал периодот на економско заздравување и стабилизација.

Колкава ќе биде таканаречената “дупка” во буџетот односно за колку ќе се зголемат потребите за финансирање зависи од тоа кое од овие сценарија ќе биде реалност.

- Advertisement -

Што се однесува до расходната страна и покрај предвидените зголемени потреби за здравствениот сектор, како и економските мерки кои ќе се преземаат со цел амортизирање на ударот врз економијата – сите сценарија предвидуваат речиси целосна реализација на расходната страна во износ, односно истата да остане 3.9 милијарди евра. НО Структурата на расходната страна ќе се промени значајно -со реалокации на буџетските ставки со цел дополнително обезбедување на здравствениот сектор пред се а потоа и реализација на економски мерки со цел намалување/амортизирање на ударот. Ќе има реалокации, пренаменети и кратења на непродуктивни расходи – за истото на денешната Владина седница ќе биде предложена информација.

Кај првото сценарио поволното – предвиден е пад од 20% на вкупната приходна страна на консолидиран буџет во однос на планот. Тоа би значело намалување на приходите за околу 700 милиони евра – односно тоа значи дека за исто толку би се зголемил дефицитот и потребите за финансирање.

Кај второто сценарио, неповолното падот на буџетските приходи би изнесувал околу 30% со што потребите би се зголемиле за околу една милијарда евра.

И кај третото најнеповолното доколку приходите паднат 40%, дополнителните потреби би биле околу 1,3 милијарди евра.

За секое од овие сценарија подготвуваме и сценарија за финансирање. Во тек е постапка за обезбедување на средства од Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка и инструментот премостување до обврзница. Постапките се во тек и се очекува до мај да ги обезбедиме овие средства.

Сподели!
- Advertisement -