Во моментов можат да се дадат само некои принципиелни согледувања за вчера објавениот втор сет мерки.
Јасно е дека неповолните економски случувања поврзани со коронавирус-кризата негативно се одразуваат на буџетот на државата. Оттаму, станува јасно дека во моментов Владата располага со ограничени финансиски ресурси и тоа е факт што влијае на дизајнот на мерките. Имајќи го предвид овој ограничувачки елемент, споредбите со други земји кои имаат поголем финансиски капацитет, тековен или потенцијален, во суштина не помагаат.
Понатаму, во услови на висок степен на неизвесност за тоа што носи иднината во поглед на рестартирањето на економијата и полнењето на буџетот на државата, нашата перцепција е дека Владата се подготвува за креирање на финансиски капацитет што ќе може да ги поддржува економските мерки и во малку подолг временски период. Тоа значи дека всушност се прави распоред на силите и на финансиските средства.
Досегашните мерки се примарно насочени кон зачувување на нископлатените работни места. Ние очекуваме дека ќе бидат донесени и нови мерки. Доколку тоа не се случи, тогаш товарот од кризата во најголем дел ќе падне на приватниот сектор”, се вели во зивестувањето на Стопанската комора на Македонија.
Стопанската Комора бара дополнителни економски мерки!
- Advertisement -
- Advertisement -