Губењето на осетот за вкус и мирис може да е најдобриот начин за да знаете дали сте се заразиле со КОВИД 19, покажа анализата на собраните податоци на интернет апликација за следење на на пандемијата со корона вирусот на која корисниците ги пријавуваат симптомите. Апликацијата C-19 Covid Symptom Tracker ја развија британски и американски научници, a e достапна на следниот линк.
Речиси 60% од корисниците кај кои е утврдено присуство на корона вирусот на апликацијата известиле дека го изгубиле осетот за мирис и вкус. За споредба, 18% од нив ги пријавиле истите симптоми, а биле негативни на корона вирусот.
Тие резултати, кои научниците ги анализирале, биле многу покорисни во предвидувањето на дијагнозата на КОВИД 19 отколку покачената телесна температура, велат научниците од Кралскиот колеџ Лондон.
Според авторите, апликацијата би можела да го забави ширењето на заразата и многу побрзо да се идентификуваат луѓето кај кои има ризик од развој на КОВИД 19. Кога доволно луѓе би споделувале информации за сопствените симптоми, апликацијата би можела на здравствените системи да им даде вредни информации.
Од 1,5 милиони корисници на апликацијата од 24 до 29 март, 26% известиле за најмалку еден симптом преку апликацијата. Со помош на собраните податоци научниците создадоа математички модел со кој се идентификува комбинацијата од симптоми: губење на осетот за вкус и мирис, висока температура, постојано кашлање, замор, дијареја, болки во абдоменот до губење на апетитот. Ова се најпрецизните показатели за присуство на корона вирусот.