Словенечкиот иноватор Зоран Дерновшек предлага иновативно решение за заштита од Ковид 19

- Advertisement -

Зоран Дерновшек oд Словенија е иноватор од своја 12 година и има неколку значајни иновации од која најпозната е природниот препарат за детоксификација РЕНС кој се користи за деца со аутизам. Тој има работено и како консултант за бизнис, финансии и даноци како и во полето на екологијата. За Иновативност зборува за кризата со Корона вирусот и предлага решение за справување со истиот!

Г-дин Дерновшек, кое е вашето видување за моменталната ситуација со корона вирусот?

- Advertisement -

Зборуваме за корона вирус COVID-19 (или неговото лабoраториско име SARS-CoVid2), околу кој слушаме најразлични информации. На луѓето им фалат релевантни информации, а кружат и многу теории на завера, при што некои користат постоечки и познати податоци, а други се плод на имагинација. Постојат дури и приказни дека вирусот не постои, а и такви дека луѓето кои го направиле тој вирус сакаат да не убијат или во најмала рака присилно да не вакцинираат или чипуваат.

Ќе пробам да објаснам некои дејства кои ми се познати, со оглед на тоа дека ја следам ситуацијата од почетокот на декември 2019.

- Advertisement -

COVID-19 е плод на генетско соединување на барем три вируси: инфлуенца (за брзо ширење),  HIV (за неутрализација на имуниот состав) и SARS (за уништување на организмот). За тоа дека вирусот не е случаен, има повеќе докази: тоа е вирус кој е патентиран во 2018 год. Генетичари од повеќе земји, а први од Индија,  веќе докажаа дека тој вирус е изграден со методата Shuttle. Според мое лично мислење, во прашање е вештачки вирус, кој бил изграден како оружје за биолошка војна.

За тоа дали тој вирус навистина побегнал од лабораторијата во Вухан или бил пуштен, постојат повеќе верзии, но претпоставувам дека вистината ќе излезе после пандемијата (како што е дефинирана од СЗО). Кинезите навистина имаат свој начин на исхрана, но приказната за тоа дека сам од себе преминал од лилјаци на луѓе е малку веројатна.

- Advertisement -

Корона вирусите, особено SARS, се изворно болести на лилјаци и птици. Генетски не можат да преминат видови, освен доколку генетски не се модифицираат во тој правец. Познато е дека такви експерименти се работат веќе неколку децении под изговор „да се разберат клетките“, а всушност се за воени цели.

Во моето претходно интервју за био-хакирање веќе објаснив дека постои универзално правило, како може произволно да се влијае на менување на гените. Во тој поглед мене ми е јасно како бил направен тој вирус.

Вие живеете во Италија, каква е моменталната ситуација кај вас?

Во Италија владее карантин. Ситуацијата би можела да биде многу подобра, но заради почетните погрешни информации за COVID-19, кои тој вирус го означуваа како некој тип на инфлуенца или малку поспецифичен грип, властите ја потценија вистинската сила на вирусот. Иако бројот на мртви сеуште е висок, ситуацијата се смирува, но карантинот би можел да се одолжи и до почетокот на мај.  Моменталното дејство на властите е адекватно, но барем да го направеа тоа три недели порано, ситуацијата би била многу подобра.

Бројките се високи, дневно умираат и до илјада луѓе. Но, бројот  на нови случаи полека се намалува. Бидејќи вирусот е термички осетлив, високите температури кои набрзо доаѓаат уште повеќе ќе ја намалат брзината на ширење на вирусот, а Италија ќе се извлече од ситуацијата со околу 50.000 мртви и барем уште толку со намалена функција на белите дробови (оштетени бели дробови).

Луѓето често ме прашуваат зошто смртноста во Италија е толку висока. Постојат повеќе можни објаснувања, а на едно од нив укажува и препораката на доктори,  сите кои примиле вакцина против сезонски грип, да преминат во самоизолација за најмалку 12 недели, зошто во спротивно стапката на смртност ќе се зголеми многу. Во Ломбардија каде од цела Италија е најлоша состојбата, во ноември 2019 околу милион луѓе ја примиле таа вакцина. Контраиндикација со COVID-19 и таа вакцина всушност значи дека луѓето се имунокомпромитирани, па нивниот имун состав не е во ситуација да се избори со вирусот.

Постојат и други елементи. Италија е земјоделска земја во која се користат пестициди коишто содржат глифосат (слично е и во Шпанија). Глифосатот преку продукти влегува во телото и тука се акумулира. Кога акумулацијата е поголема, тој фактички го успорува или дури и го блокира внатрешниот детокс на организмот, па тој не може да се избори со вирусите, бидејќи не се чисти доволно брзо, а тоа му ја намалува и pH вредноста на крвта под 6.0. Но за тоа ќе се вратам кај мерките на заштита кои можеме да ги превземеме.

Што мислите за вирусот, какви податоци вие имате за него?

Веќе повеќе месеци ги собирам сите достапни информации за вирусот и ги анализирам. Како што веќе објаснив, во прашање е вештачки создаден вирус, најверојатно направен за биолошка војна. Тој вирус е многу вирулентен и подмолен. Заради можна долга инкубација пред да се јават симптомите, може да се заразат маса луѓе пред да го покаже своето право лице.

Вирусот напаѓа во две етапи. Во првиот инкубациски период кој трае од 2-5 дена тој ја заразува слузокожата и се однесува како лесна инфлуенца, а многумина не го приметуваат. Симптомите честопати изостануваат и се појавуваат дури на крајот од тој период. Заразената личност станува преносител на вирусот (станува вирулентен) на крајот  од првиот инкубациски период. Проблемот е што симптомите се благи или ги нема. Обично нема покачување на температурата или е многу мало, но може да се јави привремено губење на мирис и вкус, суво кашлање без течење на нос, зголемен замор и сл.

Вториот инкубациски период трае од 7-24 дена. Од крајот на првиот до крајот на вториот, личноста е инфективна и шири заразата. После вториот инкубациски период вирусот продира и се шири во белите дробови, а кога ќе се покажат симптоми, тие се слични на агресивен облик на воспалување на белите дробови. Дали да се интубира или дава кислород, мислењата се поделени. Познат македонски доктор, со обзир на неговите искуства, вели дека шансите се нешто подобри ако не се интубираат, но сигурно тоа зависи од индивидуални случаеви.

Вирусот се шири по пат на плунка, кивање, аеросолно (вирусот во воздухот може да се задржи повеќе часови, што зависи од временската ситуација и температура). Сув и топол воздух ја суши водата во аеросолното меурче, па вирусот паѓа на подот. Постојат повеќе информации за тоа колку е вирусот перзистентен на различни површини, а бројките одат од 3 часа, па дури и до 5 дена. Вирусот е најопасен во затворени простории.

Дел од информациите за тој вирус ги споделив на својот личен web site : protokolrens.org. Тука има и некои технички информации, кои ќе се интересни за просечните луѓе, а би требало да ги интересира и медицинската струка.

Мерките кои се превземат во поголем број држави како што се: останете дома, употребувајте маски и ракавици, дезинфицирајте и сл., се неопходни. Таквите правила ја намалуваат веројатноста од зараза до 10 пати, а тоа не е малку. Со тоа се успорува ширењето и му се овозможува на здравствениот систем да може да ги лечи најтешките случаи. Ако ги има тие случаи премногу во многу краток временски период (пократко од потребното време да се излекува поединечен пациент), тогаш докторите се приморани да направат селекција, па им помагаат на помладите и на оние кои имаат подобри шанси да преживеат, слично како на бојно поле. Тука доаѓа до етички дилеми, а се зголемува и стапката на смртност. Таква ситуација има моментално во Италија.

Треба да разбереме дека времето потребно да се излекуваат тешките случаи е околу 4-6 недели, а дека вирусот останува во телото и до 38 дена после излекувањето. Значи ако човек се зарази или разболи од вирусот, процесот на целосно чистење е околу 3 месеци. А дури после тоа почнува рехабилитација. Кај најголем број кои биле сериозни случаи, после излекување имаат намалена белодробна функција за 20-30%.

Најлошо е тоа дека вирусот многу брзо мутира, а во тој процес се развиваат основните варијанти и специјални подваријанти. Тоа значи дека вирусот нема да го уништиме или спречиме со вакцини (процедура на создавање вакцина е 1-2 години, а за тоа време вирусот развива 24-48 нови основни генетски линии и безброј подвидови,) туку со зајакнување на отпорноста, развивање методи на лекување и на лекови.

Како да се подобри имуниот состав бидејќи тоа е првата линија на одбрана?

Јакиот имун состав е најдобра одбрана од вирусот, а тоа е веќе одамна познато.

Како прво самозаштита и хигиена. Значи, кога сме надвор од домот, задолжително носиме маска и ракавици, а истите може после враќање дома одвоено да се перат на 60 степени и со тоа да се дезинфицираат (ова важи за оние кои се изработени дома или за честа употреба). Дури и маската која би ја изработиле дома е многу подобра отколку ништо. Облеката и чевлите се тргаат одвоено или се дезинфицираат. Исто така не излегуваме од дома доколку не е неопходно, и се држиме во кругот на фамилијата и домашните се додека ситуацијата не се смири. Мојата проценка е дека ситуацијата ќе потрае минимум 2 месеца, а можеби и повеќе.

Вирусот не сака алкална околина, а тоа во крвта нормално е Ph 6,8-7,2.  Вирусот е најактивен кога Ph ќе падне под 6,0 или помалку и крвта е закиселена. Значи со внесување на храна која ја алкализира крвта може дури и да се спречи вирусот да се развие во болест, дури и ако некој го прифати.

Друго е тоа да не се користат ладни пијалоци, директно од фрижидер, туку на собна температура или да се користат топли напититоци, повеќе пати на ден. Некои тоа го комбинираат и со лимон. Но, може исто така да се користи и лимон и сода бикарбона (се добива натриум аскорбат, не-кисела форма на витамин Ц), после реакцијата се додава вода или чај и се пие. Ако се користат високи дози, тогаш мора во исхраната да се додаваат и други витамини.

Вирусите не сакаат Ц витамин. Има повеќе препораки околу тој витамин, јас го користам во не-кисел облик и во поголеми дози и кај моите детокс протоколи, повеќе од 3 години и со успех. Постојат и препораки да се комбинира кисел и не кисел облик, а најефикасен е интравенозниот внес на не-киселиот облик директно во крвта што се изведува во клиниките. Кинезите со тоа успееја да спасат и потешки облици на болеста COVID-19.

Покрај тоа изработена е и студија за употреба на ХБК (хипербарична комора), којашто сугерира дека и тоа би можело да помогне. Се користат и некои антивиротици, но медицината признава дека се ефикасни само на почетокот на болеста, додека покасно помалку или воопшто не.

На пример, постои лек на  база на хлорин диоксид, кој се покажа ефикасен. Ама тоа не ме изненадува. Хлорин е едно од соединенијата, кое е во состојба да го разложи глифосатот на делови, а телото потоа може да го исфрли. Со тоа се зајакнува внатрешниот детокс процес и имуниот систем полесно се изборува со вирусот.

Лично за тие цели (разбивање на глифосатите) користам органски сулфур (МСМ) кој е единствен безбеден за употреба.

Дали е тука во прашање само вирус? Колку се тестовите сигурни?

Проблемот кој се јавува е дека најверојатно тука не е во прашање само вирус, иако тој предизвикува спирала на болести. Во 3/4 од случаите, Кинезите нашле и придружна бактерија Превотела, а некои други студии наговестуваат дека вирусот го напаѓа и нервниот состав и дека може да се скрие во мозокот или во коските и да нападне веднаш штом имунитет ќе ослаби.

Исто како кај настинките, нам никогаш не не напаѓа целосно ист вирус, туку тој се прилагодува на нашата внатрешна биохемија и на имуниот состав, онолку променет, за да може да покрене се од почеток, а нашиот имун состав да не го препознае.

Дали вирусот ја покренува таа бактерија и ја прави поефикасна (штетна) или дали вирусот дури и предизвикува генерирање на бактерија, слична на неа, тоа се уште не е утврдено. А факт е дека и вирусот и бактеријата ги напаѓаат белите дробови и предизвикуваат нивно воспаление и потешки последици.

Вирусот ги уништува алвеолите (меурчињата во белите дробови каде доаѓа до размена на О2 и CO2), што го намалува дотурот на кислород во организмот, а во исто време во белите дробови од оштетените алвеоли се слева течност што нанесува додатна штетност. Заради тоа човекот се поставува на респиратори додека телото не се избори против вирусот и барем дел од белите дробови не се опорави, но тука е докажано како поефикасно ако е свртен со лицето према доле.

Кинеската студија за стандардни тестови за COVID-19 кои сега се користат во светот, покажа дека 50-80% од тие резултати се лажни (лажно позитивни) поради тоа што тестот недоволно прави разлика помеѓу COVID-19 и некои други слични корона вируси, а меѓу кои се и вирусот на инфлуенца и грип. Дури  20% од сите случаи се сериозни. Па така многу ќе го прележат COVID 19 во полесен облик, а можеби тоа ќе биде всушност некој облик на инфлуенца или грип. Кај тие 20% сериозни случаи, смртноста во Европа е многу висока. Кинезите имаа 4%, а моментално се движи од 30-50%. Тоа во пракса значи дека 6-10% од сите потврдени заразени лица можеби нема да преживеат. Постарите се позагрозени поради тоа што имаат повеќе акумулирани отрови и имуниот систем им е полош, а и имаат почесто некој придружни болести. Но, не треба да се заборави и дека пред некој ден умре дете, помладо од една година, баш од тој вирус. Младоста не штити од вирусот, само паметот може.

Што вие правите за да се заштитите од вирусот?

Целата моја фамилија, бидејќи живееме во Италија, веќе од почетокот на месец март сме во карантин. Функционираме исто како што препорачувам во врска со имуниот состав, а дополнително го користиме мојот AVD (Anti Virus Detox) протокол РЕНС. Отприлика пред 7 години кога ја развив простирката за животни, се покажа дека формулите имаат јаки антивирусни, антибактериски и антимикотични дејства. Тоа беше докажано и во лабораторија каде што формулата стерилизираше гаишта за мешани вируси, бактерии и габи во 10-15 милисекунди. Дури кога формулата се разреди повеќе од 10000 пати, таа беше нешто помалку ефективна и брза.

Мојот протокол спречува да се развие болеста, а тоа спречува и некој да стане инфективен, но не го спречува контактното пренесување на вирусите, тука е важна стриктна хигиена и дистанцираност.

Протоколот функционира на повеќе подрачја, како прво го одржува во крвта базичниот pH со тоа што го неутрализира закиселувањето на околината, како нус производ  од блокирање на глифосати и габи. Формулата ги претвара габите во не кисел облик на  витамин Ц, со тоа добиваме мини интравенозна апликација на витамин Ц надвор од болница. МСМ во формулата го разбива глифосатот, а со тоа сопствениот систем на детокс во организмот може да го исфрли. Неповолниот pH го спречува вирусот да пенетрира во клетките на организмот, а алгите во формулата му овозможуваат да влезе во нив. Но, алгите се многу поедноставни од нашите клетки, па со тоа вирусот е заробен и блокиран да направи било каква штета. На сето тоа му ја додаваме и форсираната оксигенација, снабдување на организмот со додатен кислород со што се забрзува рехабилитацијата ( опоравувањето) на организмот.

За тоа зборувам веќе со години на предавањата, но никој никогаш ме нема прашано, од каде имено алгите го добиваат дополнителниот кислород кој го користат за своите дејства. Оној основен кислород доаѓа по пат на црвените крвни клетки, од белите дробови. Алгите всушност реагираат со водата и со CO2, па дел од CO2 се претвора назад во кислород (О2), а C (јаглеродот) се исфрла. Значи во протоколот РЕНС всушност користиме кислород кој веќе се наоѓа во телото, заедно со оној кој допрва доаѓа во телото.

Протоколот РЕНС е попознат кај аутизмот, но има многу паралели. Голем дел од аутистите имаат оштетување на малиот мозок и дигестивниот тракт, поради отровните метали, габи, нетолеранција или алергии на храна и ретровируси (јас ги викам микробактерии). Мозокот се наоѓа во хронично воспаление, па дури кога ќе се исчисти околината и се оттргне воспалувањето (антивирусно и антибактериско дејство), може да се почне со излекување. Во втората фаза се рехабилитира дигестивниот тракт.

Антивирусното дејство го имаме испробано порано со успех на многу корона и на други вируси, и времето на опоравување драстично се намали. Убеден сум, со оглед на досегашните искуства (и кај пулмоналните болести како хронична опструктивна болест на плуќата) дека би можело да се помогне и кај COVID 19, веројатно дури и во доцните фази на болеста. Но, тука ги немаме сите одговори се додека не се направи клиничка студија.

Сподели!
- Advertisement -