Пуштен во употреба првиот кол центар за поддршка на бизнисот и граѓаните

- Advertisement -

Почна со работа владиниот кол центар за компаниите и за граѓаните, кои со повик на бројот 02/324-8040, ќе можат да ги добијат сите информации за економските и за другите мерки поврзани со коронавирусот. Како што информира Владата, денеска е пуштен во употреба првиот контакт центар кој е наменет за поддршка на бизнисот и на граѓаните, во услови на справување со кризата предизвикана од коронавирусот.

„Компаниите и физичките лица со јавување на телефонскиот број 02/324-8040 ќе ги добиваат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економските и другите државни мерки поврзани со справување со состојбата со КОВИД -19. На LIVE Call Center – контакт линијата, која што е донација од компанијата Ассеко СЕЕ Македонија, ќе одговара стручен тим на македонски и на албански јазик. Кол центарот ќе работи од 8:00 до 17:00 часот од понеделник до петок, а во сабота од 9:00 до 14:00 часот“, се вели во владиното соопштение, во кое истовремено се потсетува на донесените два сета економски мерки, со цел поголема ликвидност на бизнисот и зачувување на работните места.

Сподели!
- Advertisement -