Париз забрани џогирање во текот на денот

- Advertisement -

Пазир денес забрани џогирање во текот на денот како дел од мерките за битката против корона вирусот откако земјата вчера го имаше досега највисокиот број на жртви во еден ден откако изби заразата.

Почнувајќи од 17 март луѓето во Франција можат да ги напуштат домовите само доколку имаат потреба, како и доколку сакаат да одат сами на прошетка или да џогираат на оддалеченост од максимум 1 километар од нивните домови.

- Advertisement -

Но, бидејќи изминатиот викенд времето беше топло и сончево, Парижани во групи од по неколкумина биле забележани како трчаат, пешачат и се собираат на разни места. Ова се случуваше и после казните кои ги најави полицијата за прекршување на правилата за изолација и карантин и затоа што болниците се борат со огромен прилив на пациенти.

Токму затоа од денес Париз ги заострува мерките за излација и најави забрана за индивидуалното вршење спортски активности во периодот од 10 часот наутро до 19 часот попладне почнувајќи од утре. Оваа мерка следува по изјавата на францускиот министер за здравство, Оливие Веран, дека за 24 часа вчера починале дури 833 луѓе, а на интензивна нега биле примени нови 478 пациенти.

Сподели!
- Advertisement -