ФИТР КРЕАТОН – избрани дигитални алатки за справување со последиците од Ковид – 19

- Advertisement -

На јавниот повик КРЕАТОН наменет за креирање на дигитални алатки и решенија за справување со последиците од КОВИД-19 избрани се 16 решенија. Повикот е спроведен во соработка со партнерите – Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и ФИТР чии претставници беа членови на Комисијата за евалуација и избор.

“Сите овие решенија нудат придонес во намалување на последиците и прилагодување на животот и работата во услови на криза. Она што е од исклучителна важност е дека целиот процес беше спроведен во рекорден рок. Тоа покажа дека и граѓаните од кои добивме над 500 апликаци, но и институциите и меѓународните организации можат и мораат да се прилагодуваат и ефикасно да функционираат во изменети услови“, рече Јован Деспотовски, директор на ФИТР.

- Advertisement -

Овие решенија треба да бидат целосно функционални за 15 дена и ќе бидат бесплатно достапни за сите граѓани, компании и организации.

“Мислиме и за ден потоа, решенијата се применливи и во услови на нормално функционирање со што се дава придонес во дигитализација на општеството. Пак ќе повторам, целта е од сето ова што ни се случува да излеземе пред се здрави, а потоа и посилни и подобри,“ рече Деспотовски.

- Advertisement -

Избраните решенија нудат дигитални алатки во медицина, образование, борба со лажни вести, дигитални алатки за прилагодување на малите и средни претпријатија. Меѓу нив има ИТ решение за бесконтактна интеракција на пациенти, лекари и аптеки, платформа за ММС со пристап до бесплатни дигитални алатки и едукација како да се приспособат на новите услови на работење, алатка за верификација на граѓани, организации, фирми и институции во деловен процес со дигитален идентитет, како и апликација за поттикнување на читачките навики кај основци и средношколци преку интеракција и со помош на гејмификација.

Вкупниот буџет за повикот е 10 милиони со максимален износ по апликација до 10.000,00 евра во денарска противредност.

- Advertisement -

Овој повик е прва од иницијативите на Фондот за справување со последиците од КОВИД-19. Во координација со меѓународните партнери, пред се Светската Банка ФИТР ги финализира и нови предлози за поддршка на своите корисници и домашната економја  како дополнение на пакетот економски мерки на Владата.

Сподели!
- Advertisement -