Сега е време кога поради пандемијата на корона вирусот, сите се плашиме да допреме се, особено кога излегуваме надвор. Владите, глобалните организации постојано донесуваат нови мерки за заштита на луѓето од глобалната зараза. Хигиената е нешто на што треба да внимаваме и во нормални услови, а особено сега кога не демне таква опасност.
Кога сме надвор се плашиме да ги допреме површините кои ги допираат стотици или илјадници луѓе во денот. За да не мора постојано да посегнуваме по гелот за дезинфекција, еве каков решение осмислиле некои креативци.
Станува збор за приврзок за клучеви кој има сосема друга намена. Дизајнот на приврзокот е таков што е прилагоден на формата на раката и ни овозможува наместо со прсти, со него да притискаме копчиња на банкомат, на лифт, да отвораме и да затвораме врата. На овој начин се намалува опасноста од зараза.
Иновативниот приврзок го носи името Higyenic Hand. Го дизајнирал пензиониран болничар од Њујорк, а за него моментално е во тек кампања на платформата за групно финансирање Kickstarter и сумата која ја собра досега е неверојатна – барал 5.000 долари, а собрал речиси 300.000 долари, иако остануваат уште 15 дена до крајот на кампањата.
Доколку сакате да нарачате ваков приврзок, можете тоа да го направите со донирање на најмалку 21 долар на кампањата. Првите приврзоци се очекува да бидат доставени во јуни годинава, а може да се нарачува од целиот свет.