Експлоатацијата на природата резултира со избивање нови епидемии

- Advertisement -

Научниците располагаат со нови докази за поврзаноста меѓу експлоатацијата на природата и оваа пандемија. Тие установиле дека блиските контакти со дивите животни преку ловото, трговијата или уништувањето на природните живеалишта светот се соочува со ризици од избивање на епидемии на нови болести. Се верува дека епидемијата на корона вирусот почнала од лилјаци, додека и останатите диви животни како членконогите имаат улога во пренесувањето на вируси на човек.

Се претпоставува дека животното кое го заразило првиот заболен со корона вирусот е лилјак, постојат и јаки индиции по кои на изворот на заразата влијаела токму трговијата со диви животни, пишува BBC.

- Advertisement -

Последната студија упатува на тоа дека истражувачите пронашле научни трудови со податоци за болестите кои преминале од диви животни на луѓето, а потоа ги комбинирале со информациите за ризикот од изумирање кои ги собрала Меѓународната унија за зачувување на природата и природните ресурси.

Било откриено дека дивите животни на кои им се заканува изумирање поради човечката експлоатација носат двојно повеќе вируси во однос на видовите кои се загрозени од други причини. Истото важи и за загрозените видови кои се во опасност поради уништувањето на нивните природни живеалишта.

- Advertisement -

Како што се намалуваат природните живеалишта, дивите животни доаѓаат во поблисок контакт со луѓето. Истовремено, дивите животни го менуваат начинот на пренесување на болестите за да се прилагодат на антропогените активности и на промените во природата. Тоа го забрзува процесот на појава на болести од дивината, што не доведува во опасност од пандемија затоа што сите глобално сме поврзани преку почестите патувања и трговијата.

Научниците одамна предупредуваат на болестите меѓу луѓето кои потекнале од животни, а меѓу нив се САРС, МЕРС, ебола. Во екот на корона вирусот, расте свеста за тоа дека здравјето на луѓето е поврзано со здравјето на дивите животни и со здравјето на целата планета.

Сподели!
- Advertisement -