Лукаревска: Голем пад на наплатата на ДДВ!

- Advertisement -

Наплатата на ДДВ за првите две недели од месецов паднала за 79%, во споредба со истиот период лани, информираше директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска. 

Бројките пак за март говорат дека има пад од 12,28% кај сите даночни приходи споредбено со ланскиот месец.ж. Лукаревска потенцираше дека рокот за достава на ДДВ-пријавите е 25 април, а на предлог на сметководителите, се размислува истиот да биде продолжен.

- Advertisement -

„Во периодот јануари-март вкупен даночен приход кој што е собран од страна на УЈП е вкупно околу 19 милијарди денари. Имаме пад на ДДВ во  месец март од 16,85 проценти или 716 милиони, данокот на личен доход има многу мал пад од 1,11 проценти или 17 милиони денари и данок на добивка имапад од 10,78 проценти или 177 милиони денари“- изјави Лукаревска.

Лукаревска ги претстави условите и начините за ослободување од плаќање на аконтации на данокот на добивка и на личен доход за погодените фирми за месеците март, април и мај.

- Advertisement -

Досега пристигнати и одобрени се 370 барања за ослободување од плаќање на данок на добивка. Директорката информираше и дека само 20 компании предвреме платиле аконтации за данок на добивка за целата година.

„УЈП се труди навреме да го врши и повратот на ДДВ за фирмите“, уверува Лукаревска.

Сподели!
- Advertisement -