Како да се добие економската битка со КОВИД-19? Вклучете се со ваши предлози!

- Advertisement -

Со цел да се утврдат состојбите во приватниот сектор предизвикани од кризата со КОВИД-19 пандемијата, како и утврдување на можните мерки за излез од економскиот застој, одговорете на прашалникот на стопанските комори, вклучете се во носењето на решенија и пренесете го вашиот став како претставник на бизнис секторот на следниот линк.

Стопанските комори ќе изработат соодветна студија по сектори и ќе излезат со позициони документи кои директно ќе ги достават до надлежните органи кои ќе ги опфатат ефектите од донесените мерки досега, но и можните долгорочните решенија за нормализирање на економијата и враќање на стапките на раст.

- Advertisement -

Истражувањето опфаќа анализа на бизнис секторите кои во најголема мера се засегнати од КОВИД-19 кризата како што се: туризам и угостителство, земјоделство, градежништво, текстилна, кожарска, преработувачка, автомобилска и метална индустрија. Резултатите добиени директно од самите компании ќе бидат дел од опсежни студии за состојбите во економијата. Со оглед на тоа што неизвесноста се уште трае, при изготвување на анализите ќе се земат во предвид краткорочни и долгорочни сценарија за ефектите од кризата. Сите наоди ќе бидат доставени и презентирани преку Платформата за јавно-приватен дијалог, каде што стопанските комори редовно ги дискутираат со Владата предизвиците на бизнис заедницата и предложуваат решенија за надминување на истите.  Од клучно значење е да се креираат соодветни мерки и соодветно да се реагира на настанатата ситуација, за што ќе биде потребен отворен и конструктивен дијалог со сите засегнати страни“ истакна Тамара Тодоровска од Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива, преку кој ќе се спроведе истражувањето.

Целта на овој Анкетен прашалник е да се добијат точни одговори од страна на компаниите, по што ќе се изготви соодветна анализа за последиците од економската криза, положбата во која се наоѓаат економските субјекти, нивната ликвидност, профитабилност, одржливост, состојбата со работната сила и фискалните давачки.

- Advertisement -

Стопанските комори веќе се во контакт со домашни и меѓународни организации и институции за соодветно димензионирање на потребните мерки кои е неопходно да се преземат и реализираат во кризниот период.

Вашите одговори ќе бидат од големо значење за ова истражување, со цел да се изготват важни заклучоци од кои ќе произлезат предлози за долгорочно справување со последиците од КОВИД-19 кризата.

Сподели!
- Advertisement -