Поради корона вирусот загрозени се 60 милиони работни места во ЕУ, а ова се најзасегнатите професии

- Advertisement -

Речиси 60 милиони работни места ширум Европската унија и во Велика Британија се загрозени поради корона вирусот. Во анализата на лондонската консултантска куќа McCinsey се предупредува дека стапката на невработеност во Европа може да скокне од 6% на над 11% и со години да остане на тоа ниво ако наскоро не се стопира ширењео на вирусот.

Од McCinsey проценуваат дека едно од четири работни места во ЕУ и во Велика Британија се во опасност од намалување на работното мвреме, принуден одмор или отпуштање од работа. Професиите за кои не е потребен близок контакт со луѓе, како што се книговодителите и архитектите, како и оние кои подразбираат давање основни услуги се нискоризични.

- Advertisement -

Во рамките на високоризичните професии работат 55 милиони луѓе, а меѓу нив се касиери, готвачи, градежни работници, хотелски персонал и актери. Околу 80% од работните места кои се сметаат за ризични ги држат луѓе без факултетска диплома, а особено се загрозеи вработените во малите компании.

Ако Европа не успее да го стопира вирусот во рок од три месеци отсега и биде принудена да продолжи со социјалното дистанцирање во текот на летото, стапката на невработеност идната година ќе биде на највисоко ниво од 11,2%, додека целосното закрепнување на економијата не се очекува пред 2024 година, се наведува во анализата.

Сподели!
- Advertisement -