Како до правилна даночна политика при кризата со КОВИД-19?

- Advertisement -

Економската криза предизвикана од пандемијата со КОВИД-19 нанесе тежок удар врз приватниот сектор, а со тоа и големи предизвици во редовното плаќање на даноците и фискалните давачки. Намалениот обем на работа, застојот во економијата, намалената потрошувачка и растот на невработеноста ќе имаат директни импликации врз државниот буџет.

Веќе на сила стапија повеќе антикризни мерки за поддршка на приватниот сектор, меѓу кои покривање на дел од придонесите за вработените од страна на државата. Сепак, потребно е да се измерат ефектите од досегашните воведени мерки, да се утврди каква е состојбата на компаниите во поглед на даноците, како и да се креираат предлог мерки врз основа на реалните потреби и проблеми на приватниот сектор.

- Advertisement -

Затоа се повикуваат компаниите да го одговорат прашалникот на следниот линк кој на стопанските комори ќе им послужи за креирање на студија со предлог на мерки и препораки кои ќе се достават директно до надлежните органи.

„За правилно креирање на антикризните мерки, како и за ефектите од досега воведените мерки, особено во делот на фискалните давачки на компаниите, неопходно е да се направи детално скенирање на состојбите во приватниот сектор. Само преку мерливи податоци, со сеопфатна анализа за даночните политики во време на криза предизвикана од корона вирусот, можеме да согледаме каде се движиме и уште поважно преку обемната анкета да утврдиме што му е потребно на приватниот сектор за да заздрави од економскиот застој“, истакна Христијан Станоевиќ од Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива преку кој ќе се спроведува секторското истражување за ефектите од економската криза со КОВИД-19.

- Advertisement -

Стопанските комори веќе се во контакт со домашни и меѓународни организации и институции за соодветно димензионирање на потребните мерки кои е неопходно да се преземат и реализираат во кризниот период.

Вашите одговори ќе бидат од големо значење за ова истражување, со цел да се изготват важни заклучоци од кои ќе произлезат предлози за долгорочно справување со последиците од КОВИД-19 кризата, па затоа ве повикуваме да се вклучите со вашите ставови како претставници на бизнис секторот.

Сподели!
- Advertisement -