Компанијата Archivist направи кошули од рециклирани хотелски чаршави

- Advertisement -


Понекогаш правењето нешто невообичаено е модерно. Така, компанијата за одржлива облека Archivist има бизнис план кој се потпира на пореметување на она што го познаваме и прифаќање како нормално во име на модата и на корпоративната одговорност. Со таквата мисија Archivist откри уникатна, но истовремено луксузна инспирација за новата линија кошули – хотелските чаршави.

Приказната започнала со истражување што се случува со хотелските чаршави откако нема да бидат подобни за користење во хотелите. Одговорот на тоа прашање инспирирал цела една кампања која има за цел искористените постелнини да ги претвори во одржлива мода.

- Advertisement -

Archivist е компанија основана од Јуџени Хаицма и Јоханес Оферхаус, холандски дизајнери кои од европските хотели успеале да набават 200 кг луксузни чаршави направени од египетски памук. Иако биле излитени, висококвалитетните чаршави имале потенцијал за реупотреба. Наместо да се фрлаат на депонии, од Archivist решиле од нив да направат машки кошули. Засега ги има во два модели, но компанијата се надева дека ќе ја прошири линијата.

Дизајнерската двојка планира да набави чаршави од лускузни хотели ширум Европа. Тоа истовремено ќе им овозможи на хотелите да добијат поеколошка алтернатива за ослободување од старите чаршави. Транспортот на чаршaвите не е долг затоа што хотелите ширум Европа ги испраќаат чаршавите до работилница во близина на Букурешт. Таму се перат, се сечат и се произведува материјал за кошули. Иако има минимални дефекти во материјалот, тимот на Archivist сака тие да се со долг век на траење за разлика од тренди облеката.

- Advertisement -

Машките кошули направени од 100% памук ги има во три големини. Произведуваат и класични женски кошули за на работа, исто така направени од рециклирани чаршави и достапни во три големини. И машките и женските кошули бесплатно се доставуваат во цела ЕУ, а чинат 150 евра.

Сподели!
- Advertisement -