- Advertisement -
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 7,76 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од
21.04.2020 година.
Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 денари за литар и ќе изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 2 денари за литар и ќе изнесува 52,00 ден/лит.
- Advertisement -
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се намали за 4,00 денари за литар и ќе изнесува 42,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство(ЕЛ-1) се намалува за 3,50 денари за литар и ќе изнесува 30,50 ден/лит.
- Advertisement -