Понатамошното ширење на КОВИД-19 во Западна африка ќе го зголеми бројот на луѓе кои гладуваат за 50 милиони. Координаторот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, Кума Соу, вели дека територијата е ви многу незавидна позиција.
Во Западна Африка околу 11 милиони луѓе гладуваат. Ако не се преземат некои поодлучни мерки, до ова лето тој број ќе се искачи на 17 милиони. Ширењето на пандемијата не само што ќе предизвика покачување на цените на храната, туку и недостиг на прехранбени продукти. Според експертите, најризични се децата, жените и номадските фармери. Организацијата има намера да му помогне на регионот колку што може во текот на тешкиот период што претстои.
Според последните податоци, во западноафриканските земји се детектирани околу 8.000 луѓе заразеи со корона вирус, а 250 починале.
Фото – pixabay.com