Луѓето со векови ја проучуваат Месечината, но дури пред 50 години добија прилика и се прошетаа на тој природен Земјин сателит. Иако оттогаш научниците ја прегледаа целата површина на Месечината, сите тие податоци не беа објавени на едно место.
Но, United States Geological Survey (USGS) одлучи да ги собере сите податоци за површината на Месечината и ја објавија најдеталната мапа досега. Во соработка со НАСА и Lunar Planetary Institute е создадена единствената геолошка мапа на Месечината, која како што објаснуваат од USGS, ќе биде темелен документ за идните човечки мисии на Месечината. Таквата мапа претставува непроценлива алатка за меѓународната научна заедница, но и одлична алатка за едукатори и за широката јавност.
Но, што точно се гледа на мапата? Како што појаснува главниот автор на проектот, Кори Фортецо, освен на самата површина, внесени се и описи на слоевите на површината на Месечината.
Оваа мапа е кулминација на проектот кој трае со децении. Дава неопходни информации за нови научни студии затоа што ги обединува информациите за истражувањата направени на одредени делови од Месечината со остатокот од површината на планетата, вели Фортецо.
Големата мапа на Месечината со сите детали може да ја погледнете овде.