Што ќе биде „нормално“ во хотелите летово?

- Advertisement -

Рецепционерите во иднина ќе изгледаат како доктори во болница за заразни болести, хотелскиот персонал ќе се насмевнува зо очите затоа што сите ќе носат маски, на гостите при влезгува во хотелите ќе им се мери температурата и ќе им се дезинфицираат куферите, а на вечера ќе одат кога ќе знаат дека има слободна маса и притоа ќе мора да држат растојание од другите гости и од персоналот. Такаа ќе изгледа новата „нормална“ ситуација во хотелите во светот се додека не се пеоднајде и не почне да се користи првата вакцина за корона вирусот.

Се изработуваат протоколи и правила за однесување на ниво на сите компании кои планираат да примаат гости. Светската здравствена организација објави нови правила за сместувачките објекти. Оттаму предлагаат да се изработат акциони планови во соработката со управите на компаниите и националните или локалните власти, потоа да се ангажираат тимови за нивно спроведување и да се инвестира во потребната опрема.

- Advertisement -

Како конкретно ќе изгледа работата во еден хотел? Како и досега, рецепционерите ќе имаат главна улога во комуникацијата со гостите, но во овој случај тие само ќе ги информираат не само за правилата на однесување, туку за чекорите што треба да се преземат ако некој од гостите забележи симптоми на репираторна инфекција. Тие гости потоа ќе мора да останат во својата соба се до доаѓањето на доктор. Според новите правила, рецепционери не смеат да бидат луѓе кои се ризична категорија дали поради возраста или поради здравствената состојба.

Тие исто така ќе изгледаат како доктори затоа што се препорачува да носат заштитна маска, заштита за очите, ракавици, кошула со долги ракави, да имаат крај себе средство за дезинфекција и кропа за инфективен отпад.

- Advertisement -

Рецепционерите ќе мора да ја следат состојбата на сите гости и да контролираат дали тие се придржуваат до мерките за социјално дистанцирање, но секако да бидат дискретни во тоа. На гостите нема да им биде дозволено ракување, прегрнување или бакнување и ќе биде потребно да се одржува оддалеченост од другите гости од најмалку еден метар.

Покрај редовните мерки за хигиена, во сите заеднички простории во хотелите ќе мора да се постави гел за деинфекција на раце. На појадок гостите нема да смеат да допираат друга храна освен нивната и се препорачува дезинфекција на паратите за кафе, за сокови по можност после секоја употреба. При поставувањето на масите треба да се обезбеди простор од 10 квадратни метри за 4 лица. Потпирачите на столовите нема да смеат да бидат поблиску од еден метар. Забавните содржини за децата се препорачува да бидат затворени.

- Advertisement -

Се препорачуваат еднократни крпи за чистење за собарките, постелнината да се пере на високи температури, почесто да се проветруваат собите. И собарките ќе мора да обрнуваат внимание на потенцијално болни гости и да ги известат колегите ако забележат нешто. Тие ќе мора да носат ракавици, а за чистење на тоалетите и визири и престилки.

Се препорачува онлајн пријавуавње на гостите, да се намали контактот со рецепција. ПОжелно е издавање на секоја втора соба, за да се осигура дистанција меѓу гостите. Рестораните треба да го преполоват бројот на маси, гостите на јадење да дојдат само кога ќе ги повикаат, а најдобро би било да се огрничат на јадењата кои се нудат во дневното мени.

Персоналот треба минимално да комуницира со гостите, да користи салфети за еднократна употреба. На гостите на располагање мора да им биде гел за дезинфекција на раце, како и марамчиња за чистење на мобилните телефони и картичките за влез во соба. За вработените се препорачува дневно заменување на униформите, што вклучува и маски за еднократна употреба и ракавици.

Сподели!
- Advertisement -