Исчезна најголемата озонска дупка

- Advertisement -

Кога научниците на почетокот на март објавија дека откриле необична дупка во озонската обвивка над Арктикот, целиот научен свет се загрижи. Не само што дупката се појави на необично место, туку беше и најголема досега. Сите се прашуваа дали е тоа последица на големите пожари во Австралија, на емисијата на штетни гасови или на нешто сосема друго.

Но, како што се појави одненадеж така и исчезна. Научници од мониторинг центарот за атмосферата Коперникус објавија дека дупката се затворила. Иако затворањето на озонската дупка може да се припише на намаленото загадување како последица на карантинот воведен во многу земји, научниците велат дека тоа не е причината.

- Advertisement -

Како што велат научниците од Коперникус, КОВИД-19 нема никаква врска со исчезнувањето на дупката и додаваат дека затворањето го поттикнале необично силни и долготрајни поларни ветрови и дека нема врска со подобриот квалитет на воздхот.

Од Коперникус истакнуваат дека до отворање на дупката дошло поради ниските нивоа на озонот на Арткикот, што ретко се случува, но не е енеобично. Необично е тоа што се случи во пролет. Како што објаснуваат од НАСА, толку ниските нивоа на озонот се појавуваат еднаш во една деценија.

Сподели!
- Advertisement -