Иако многумина би очекувале други резултати, првото место на листата со најдобри градови за работа од дома на далечина го зазеде Букурешт. Тоа е главно резултат на одличната интернет конекција и ниските трошоци за живот.
На листата која неодамна ја објави британскиот сајт Brodbenddils (broadbanddeals.co.uk), зад Букурешт на листата се три американски градови: Хјустон, Лас Вегас и Атланта. На петто место е Будимпешта, потоа следуваат Сан Франциско и Лос Анџелес. Меѓу топ 10 на листата се уште Киев, Чикаго и Варшава.
Од друга страна, неславното прво место на листата со најлоши градови за работа на далечина го зазема Рим, а зад него се Милано, Сеул, Париз и Хамбург. На шесто место е Амстердам, а по него следуваат Лондон, Келн, Минхен и Манчестер.
Glavni grad Rumunije ostavio je “konkurente” iza sebe zahvaljujući jeftinim, pouzdanim i brzim internet konekcijama i drugim faktorima uzetim u obzir, kao što su
Главниот град на Романија ги „победи“ сите други благодарение на ниските трошоци за живот, цената на лаптопите, бројот на работни места кои дозволуваат работа на далечина и достапноста на компании за испорака на храна. Истражувањето, кое било спорведео во време на пандемија на корона вирусот, кога се повеќе луѓе работат од дома, покажало дека 4,33% од работните места во Букурешт на вработените им овозможуваат работа на далечина, што е најмногу од ситеградови на листата.