Три нови масла „Брилијант“

- Advertisement -

„Витаминка“ го прошири портфолиото со три нови масла од брендот „Брилијант“. Покрај сончогледовото и Омега-3, отсега на пазарот се достапни и Extra virgin (ладно цедено маслиново масло), Помас маслиново масло (наменето за готвење и пржење) и Микс од маслиново и сончогледово масло (познато како салатно масло).

Станува збор за врвни масла, добиени директно од маслинки со механичка обработка. Свежо собраните маслинки се со потекло од маслинови плантажи во близина на Атина. Маслото се одликува со светла и јасна зелена боја, како и со богат вкус со кадифена текстура. Extra virgin е достапно во стаклено шише од 750 мл, додека Помас маслиново масло и Микс од масла за салата, се пакувани во 2-литарско пакување за домаќинства и 5-литарско за хорека-секторот. За кратко, ќе бидат достапни и во пакување од 1 л, информираат од „Витаминка“.

- Advertisement -

Од компанијата додаваат дека студиите покажале дека масните киселини и антиоксидансите во маслиновото масло можат да понудат многу моќни здравствени придобивки, вклучително и намален ризик од срцеви заболувања.

(instore.mk)

Сподели!
- Advertisement -