Детектор анкета: На четвртина од граѓаните некој од семејството останал без работа поради корона кризата

- Advertisement -

Речиси една четвртина (25,8%) од граѓаните велат дека тие или некој од нивното семејство привремено или трајно останале без работа поради корона кризата, додека 67,8% од анкетираните велат дека го немале тој проблем, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 14,4% од анктираните одговориле дека поради кризата приходите во нивното семејство се намалиле, 47,4% немаат намалување на семејните приходи, додека 32,4% дека донекаде имаат намалување на приходите.

- Advertisement -

Сепак, анкетата не покажува значителен раст на задолжувањето. Само 4,7% од анкетираните граѓани велат дека во овој период аплицирале или планираат да аплицираат за кредит во банка, додека 80.7% велат дека не го сториле тоа.

Од мерките и понудите на банките за време на кризата задоволни се 53,3% од граѓаните, наспроти 24%  кои не се.

- Advertisement -

Околу 60 отсто од граѓаните кажале дека дека цените на храната и лековите се зголемени, 28,4% дека останале исти, додека 4,9% сметаат дека имало поевтинување. Граѓаните се на ставот дека во продавниците ги има потребните производи – 86,1% од анкетираните велат дека кога пазаруваат успеваат да ги најдат сите производи во продавниците, додека 12,6% одговориле дека не можат секогаш се да купат.

Најголем дел од граѓаните или 38,1% велат дека пазаруваат неколку пати неделно, 28,3% во продавница одат еднаш во неделата, 20,7% во супермаркетите по храна и други основни потреби одат секој ден, 7,7% рекле дека пазаруваат неколку пати месечно, 2,8% само еднаш месечно, а 1,6% и поретко од еднаш во месецот.

- Advertisement -

Граѓаните сметаат дека на Македонија во моментов најмногу и треба финансиска помош. Ваков став имаат 39,7% од анкетираните, 24,8% сметаат дека најнеопходна во моментов е медицинската помош, 14,3% помош во стручен медицински персонал, 10,6% во лекови и 2,6% во храна.

Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници во периодот од 21 до 24 април со маргина на грешка од плус-минс 3%.

Сподели!
- Advertisement -