Сицилија ќе им плаќа на туристите за да ја посетат

- Advertisement -

Кога не би имало глобална пандемија, сите најверојатно би рекле дека нема ништо подобро од бесплатен одмор. Сепак, може да се рече дека на луѓето сега им е потребен само одмор, без разлика на цената.

Туризмот како и сите останати гранки од светската економија претрпе голема штета поради пандемијата. Претставници на туристичката индустрија неуморно работат на пронаоѓање начин за обновување на туризмот што е можно побрзо пред претстојната летна сезона. Се разгледуваат начини за социјално дистанцирање на плажите, во хотелите, рестораните и на популарните јавни места.

- Advertisement -

За да привлечат странски туристи после корона кризата италијанскиот медитерански остров Сицилија планира да ја преполови цената на авионските билети и да плати едно од три ноќевања во хотелите. Овие мерки се планира во фондот од 50 милиони евра, подготвен за да се оживее туристичката индустрија.

Оригиналната сицилијанска шема би стартувала во оној момент кога Италија повторно би ги отворила своите граници. Ваучерите за авионските летови со попуст, за хотелите и бесплатните билети за музеите ќе бидат достапни на официјалната веб страница на островот Visit Sicily.

- Advertisement -

Директорот на туризам на Сицилија најави дека ќе се нудат 400.000 ваучери за попусти и подароци кои ќе ги поттикнуваат туристите и покрај стравот од короната да се одлучат да патуваат на Сицилија. Загубите кои ги трпи Сицилија поради затворањето на границите, воведувањето на карантинот и ограничувањето ан движењето од 10 март досега надминуваат 1,09 милиони долари.

Италија е една од најтешко погодените земји од корона вирусот, каде што имаше над 200.000 случаи на заболени и над 27.000 почитани. Земјата е во карантин од почетокот на март и додека ограничувањата полека се укинуваат од наредната недела, уште не е дозволено патување меѓу регионите.

Сподели!
- Advertisement -