Facebook неделава ја почна со шопинг – ја купија популарната интернет архива на гифови Giphy за 400 милиони долари. Како што објавија, Giphy ќе се приклучи на одделот задолжен за Instagram во рамките на Facebook. Целта им е луѓето поедноставно да можат да пронаоѓаат гивофи и налепници за своите објави и пораки.
Овој потег на Facebook не е неочекуван затоа што околу 50% од прометот на Gyphy секако доаѓа од Facebook и од апликациите поврзани со него. Но, иао договорот не е објавен, тоа не значи дека преземањето од страна на Facebook ќе оди без проблеми. Бидејќи Giphy има вградена можност за пребарување и други апликации како Twitter и TikTok, Facebook би можел да добие увид во конкурентските апликации и така да добие предност пред нив. Затоа, се очекува американската Федерална комисија за трговија и Министерството за правда да направат темелна истрага пред да се случи преземањето.