Британски научници тестираат дали кучињата можат да го намирисаат корона вирусот

- Advertisement -

Тим од британски научници ќе ја тестира способноста на кучињата да го намирисаат КОВИД-19, а тоа истражување го финансира британската влада со 500.000 фунти. Британската влада објави дека истражувањето ќе го спроведе Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, Универзитетот Дурхам и британската фондација Medical Detection Dogs.

„Кучињата за биодетекција веќе можат да препознаат некои видови карцином. Веруване дека оваа иновација ќе овозможи побрзи резултати во склоп на стретегијата за тестирање“, изјави британскиот министер за иновации, Џејмс Бетел.

- Advertisement -

Шест кучиња – лабрадори и кокер шпаниели ќе добијат примерок од мирисот на пациенти заразени со корона вирусот од лондонските болници и ќе се учат да го разликуваат мирисот на тие пациенти од мирисот на луѓе кои се здрави.

Од Medical Detection Dogs објавија дека претходно тренирале кучиња за откривање одредени видови карцином, Паркинсонова болест и маларија. Ако успешно помине тренингот на кучињата, едно куче ќе може да „прегледа“ 250 луѓе во еден час. Оваа метода ќе може да се користи во јавни простории и аеродроми.

Сподели!
- Advertisement -