Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 3,56 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 11.05.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит и ќе изнесува 54,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит и ќе изнесува 57,00 ден/лит. Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари/литар и од вечерва на полноќ дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 47,00 ден/лит, додека малопродажната цена  на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 35,00 ден/лит.

- Advertisement -

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,329 ден/кг и ќе изнесува 19,498 ден/кг.

Од 19.05.2020 година максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Advertisement -

Моторен бензин                       ЕУРОСУПЕР БС – 95                            54,50 (денари/литар)

Моторен бензин                      ЕУРОСУПЕР БС -98                             57,00 (денари/литар)

- Advertisement -

Дизел гориво                           ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                       47,00 (денари/литар)

Масло за горење                      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               35,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      19,498 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.05.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Инаку минатата недела продолжи трендот на раст на цените на нафтените деривати на светските берзи. Цената на бензинот се зголеми во просек за околу 5,64%, а кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 10,84%. Цената на екстра лесното масло порасна во просек за околу 13,64%, додека кај мазутот се регистрира зголемување во просек за околу 12,81 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,099 %.

Сподели!
- Advertisement -