Првата домашна фабрика за производство на фотоволтаици, Пиксел го прослави вториот роденден со проширен капацитет

- Advertisement -

Пиксел Гроуп Скопје, првата фабрика за производство на фотоволтаични модули во земјата го прослави вториот роденден со проширен капацитет и успешна продажба на домашниот и странски пазари

Пиксел Гроуп ги исполни плановите во втората година од работењето со потврда на водечката позиција, производител број 1 во регионот на монокристални и поликристални фотоволтаични модули со највисок квалитет.

Супериорниот квалитот на целокупниот асортиман на производи е сертифициран согласно со TUV SAAR сертификатот, сертификатите за исполнување на меѓународните стандарди  за квалификација на дизајн и одобрување на видот ЕN 61215:2005  – EN 61215:2010; сертификатите за безбедност на фотоволтаичните модули IEC 61730-1:2006, IDT; EN IEC 61730 – 1: 2018, IDT; IEC 61730 – 2: 2004, IDT; EN IEC 61730-2: 2008, IDT; CE сертификат и сертификатите за организација и контрола на квалитет ISO 9001:2015; ISO 14001:2015; BS OHSAS 18001:2007.

- Advertisement -

Производството и развојот на производи со највисок квалитет е гарантиран и преку воспоставената соработка со најдобрите светски производители на соларни ќелии и останати материјали и компоненти како што се Lightway, една од најголемите компании за производство на соларни ќелии рангирана во првите десет компании во светот дел од Tier 1 според Bloomberg, како и компаниите LUX S.L.R од Италија, Dunmore Europe GmbH, Vistasolar од Германија и др.

Воспоставена е стратешка соработка и партнерство со компанијата Just Solar од Шангај, која е една од водечките светски компании во оваа индустрија, што овозможува лесен и постојан пристап до најновите технологии, машини и материјали.

- Advertisement -

Високиот квалитет на производите се потврдува и преку продажните резултати, при што во текот на минатата година со фотоволтаичните модули на компанијата се инсталирани соларни централи за производство на електрична енергија со моќност над 10 MW. “Горди сме што голем број реномирани компании нашата земја произведуваат електрична енергија од сонцето со помош на нашите фотоволтаични модули, а можеме да се пофалиме и дека во соседните земји веќе се изградени соларни централи со нашите панели„, изјави директорот на Пиксел Гроуп, Горанчо Паунов.

Успехот на компанијата пред се се должи на нашите вработени, млади и мотивирани високостручни кадри кои секојдневно работат на унапредување на производството и производите на задоволство на нашите клиенти.

- Advertisement -

Најсовремената технологија и експертиза со која располагаме ја правивме достапна на голем број средни училишта и универзитети чии ученици и студенти имаат можност своите теориски знаења практично да ги  видат во нашата компанија. Среќни сме што во изминатиот период голем број студенти од електротехничкиот и машинскиот факултет својата пракса ја поминаа токму во нашата компанија, а дел од нив веќе се вработени во компанијата.

Пиксел Гроуп основана во 2018 година е високо технолошка компанија за производство и развој на монокристални и поликристални фотоволтаични соларни модули и фотоволтаични термални модули. Прва компанија од овој тип отворена во Северна Македонија со годишен капацитет на производство од 55 MW (мегавати) на монокристални и поликристални соларни модули.

  • Портфолиото на Пиксел Груп ги нуди следниве модели на производи:
  • Монокристални ФВ модули со моќност до 360W (вати)
  • Поликристални ФВ модули со до 340W (вати)
  • Хибридни фотоволтаични термални модули за истовремено производство на електрична и топлинска енергија
Сподели!
- Advertisement -