Еве како изгледаат европските плажи во време на корона вирус. Чадорите за сонце во Грција и лежалките се дезинфицираат после секој посетител. Чадорите мора да бидат поставени на растојание од 4 метри еден од друг. Дронови патролираат над плажите со цел да се спречи групирање на луѓето. Сето тоа се прави со цел луѓето да можат да уживаат во морето и сонцето и да бидат безбедни.
Во Италија сега сите носат маски за лице и поставени се јажиња меѓу туристите со цел да се одржува безбедно растојание меѓу нив. Во Шпанија капачите конечно се вратија на плажите после долга забрана. Некои барови и ресторани почнуваат да ги отвораат терасите, но дозволено е пополнување само на 50% од капацитетите.
Во Шпанија, Грција и во Италија туризмот генерира 10% од националниот БДП. Само во Шпанија има повеќе од 300.000 бизниси поврзани со туризмот и на голем дел од нив им претстои тешко лето поради корона вирусот. Повеќето граници меѓу земјите на ЕУ моментално се затворени за туристите, но ЕУ се залага за постепено отворање кога ќе биде безбедно за тоа.
(фото: Wikimedia)