Франција ќе ја спасува автомобилската индустрија со 8,8 милијарди евра

- Advertisement -

Француската влада ќе инјектира повеќе од 8,8 милијарди евра со цел да ја спаси автомобилската индустрија во земјата од големите загуби како последица на карантинот поради корона вирусот. Исто така, има за цел да ја направи Франција број еден производител на електрични автомобили во Европа.

Почнувајќи од идната недела потрошувачите ќе можат да добијат до 12.000 евра од владата за купување електричен автомобил во рамките на историскиот план кој го претстави вчера францускиот претседател Емануел Макрон.

- Advertisement -

„Нашата земја нема да биде иста без големите брендови како Renault, Peugeot, Citroen” изјави Макрон и додаде дека поради кризата која е невидена досега производството на автомобили само во Франција е намалено за повеќе од 90%.

Автомобилските компании и владите ширум светот се соочуваат со слични загуби. Политичарите се поделени по прашањето дали и како треба да се помогне на индустријата која пред една деценија, после финансиската криза во 2008 година, веќе доби милијарди евра владина поддршка и веќе се соочуваше со поголеми трошоци и дисрупција поради зголемената побарувачка на „зелени“ автомобили.

- Advertisement -

Планот на Макрон вреден 8,8 милијарди евра вклучува 5 милијарди евра заем на владата за францускиот производител на автомобили Renault. Новиот план вклучува и владини субвенции кои ќе ги поттикнат потрошувачите да ги заменат старите автомобили со модели со пониска емисија на гасови. Макрон си зададе цел Франција да произведе 1 милион електрични автомобили до 2025 година.

Овој план на Макрон е навистина амбициозен затоа што автомобилите кои работат на батерии се само мал дел од продажбата на автомобили во Европа, иако производители се фокусираат на електрични автомобили со цел да ги достигнат целите поставени од ЕУ за емисијата на стакленички гасови.

Сподели!
- Advertisement -