Германија и уште три држави-членки на Европската унија градат нов сојуз кој има за цел да обезбеди пристап до вакцини за корона вирусот кога ќе бидат готови. Целта е да се осигура чесно дистрибуирање на вакцините ширум светот, објави весникот Handelsblatt.
Весникот го цитира германскиот министер за здравство Јенс Шан и неговите колеги од Франција, Италија и Холандија, кои во писмо до Европската комисија навеле дека пристапот до вакцини е едно од најбитните прашања со кои сега треба да се занимава Европската унија.
Затоа оваа група држави се ангажирале за да постигнат најбрз и најдобар можен исход во преговорите со клучните играчи во фармацевтската индустрија. Четири држави кои делуваат на иницијатива на Берлин сакаат да спречат ЕУ да изгуби од САД и од Кина во трката за вакцината, пишува германскиот весник.
Напорите на американскиот претседател Доналд Трамп прв да добие пристап дп вакцината во замена за милијарди долари уинвестирани во фармацевтски компании со сомневање се гледсаат во Европа, додава весникот.
Имено, САД осигураа речиси една третина од првата милијарда дози од експерименталната вакцина за корона вирусот Astra Zenekа ветувајќи дури 1,2 милијарди долари.