Сте слушнале ли за Помодоро техниката за продуктивност?

- Advertisement -

Една од најпознатите и најчесто користени техники за продуктивност се вика Помодоро. Техниката ја измислил претприемачот Франческо Сирило уште додека бил студент. Помодоро техниката го добила името по едноставното кујнско помагало, односно бројачот на време во облик на домат.

Станува збор за пластичен домат (на италијански pomodoro) која има означена временска скала, а одбројувањето се подесува со вртење на горниот дел од патлиџанот. Сирило техниката за користел како студент во време кога морал да учи и да пишува, а подоцна продолжил да ја применува во работата.

- Advertisement -

Како функционира техниката Помодоро? Како и сите методи, и Помодоро функционира на едноставен начин. Еве кои се четирите главни чекори.

1.Наместете го тајмерот на 25 минути (тој период се вика еден Помодоро)

- Advertisement -

2. Работете без прекин додека тајмерот не заѕвони

3. Одморете се 3-5 минути

- Advertisement -

4.После четири Помодоро периоди, направете подолга пауза (15-30 минути)

Има уште стотина нијанси и детали – од тоа како ќе одолеете на работите кои одвлекуваат внимание, како ќе ги решите прекините со телефонски повици, упаѓањето на колеги или некој од семејството ако работите од дома итн. Но, во суштина, техниката Помодоро се сведува на овие четири чекори.

За кого е наменета техниката? Сирило ја развил Помодоро техниката како студент и секако дека студентите се една од групите на кои може добро да им послужи оваа техника. Таа дава добра структура на времето и помага да се чувствувате одморено и концентрирано во текот на повеќечасовните напори за време на испитите и пишувањето семинарски трудови. Но, техниката е добра за сите кои мора да завршат доста работа сами без соработници, а особено за креативците. Дизајнерите и програмерите се чести корисници на Помодоро техниката, но и други занимања можат да ја користат во периоди кога мора да потрошат доста време на некоја работа која ја вршат сами.

Сирило вели дека најдобро е да се набави механички тајмер за мерење на времето затоа што самиот чин на навивање на тајмерот е доказ за одлучноста идните 25 минути предано да ја вршите задачата која е пред вас. Ако мислите дека тоа е непотребно, секој смартфон има и функција одбројување на време, а AppStore и Google Play се преполни со апликации за Помодоро техниката. Треба само во делот за пребарување да внесете „pomodoro“.

Сподели!
- Advertisement -