Етиопија планира годинава да посади 5 милијарди дрвја со цел да го подобри здравјето на луѓето и да се бори против климатските промени. Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед, изјави дека соочени со предизвикот на корона вирусот, сите земји во светот трошат значителни ресурси со цел да се стопира неговото ширење.
„Оваа криза не потсети на човечката ранливост, на значењето на индивидуалното здравје и го потенцираше значењето на една средина на добросостојба. Нашата природна средина е битна детерминанта во здравјето на луѓето. Здравиот екосистем кој овозможува биодиверзитет е најбитен. Како и други делови од светот, и Етиопија се соочува со климатски промени и деградација на животната средина. Тоа придонесува за обилни врнежи, поплави, ерозија на земјиштето, обесшумување и губење на биодиверзитетот. Затоа, со цел да се спротивставиме на климатските промени и да го поплочиме патот до позелена иднина, Етиопија презема многу мерки“ додате тој.
Лани земјата посади 4 милијарди дрвја и мобилизираше милиони луѓе да помогнат во масовното пошумување. Сето тоа е во рамките на амбициозниот план во текот на наредните 4 години да се посадат 20 милијарди стебла. Милиони стебла се одгледуваат во стакленици додека не пораснат доволно, а локалните власти ги поправаат патиштата.
Етипоија со децении се обидува да го спречи сечењето на шумите. Површината под шуми во земјата е намалена за една третина во споредба со крајот на минатиот век на помалку од 4% во 2018 година. На глобално ниво годишно се сечат по 15 милијарди дрвја, а обесшумувањето е одговорно за 15% од емисијата на стакленички гасови.
(World Economic Forum)