Мај 2020 година е најтопол во историјата

- Advertisement -

Мај 2020 година беше најтоплиот месец откога е почнато мерењето, наведува европската агенција Copernicus, која ги следи климатските промени на планетата. Оттаму истакнуваат дека посебно на Антарктикот годинава се измерени рекордни температури, кои се значително повисоки од просечните.

Мај годинава беше 0,63 степени Целзиусови потопол од просекот за тој месец измерен од 1981 до 2010 година. Мај 2020 година исто така ги надмина по температурата и мај 2016 година, односно 2017 година, наведуваат од Copernicus.

- Advertisement -

Највисоките температури измерени во однос на нормалните, па дури и многу нормалните биле во Сибир, каде што измерената температура во мај била просечно 10 степени Целзиусови над нормалата. На северозападниот дел од тој регион пукањето на ледот на реките ОБ и Јенисеј никогаш не почнало толку рано откога постои мерење на температурите.

Пролетта беше особено блага во голем дел од арктичкиот регион, особено на западот од Алјаска, но беше блага и на Антарктикот. На светско ниво европската агенција Copernicus истакнува дека изминатите 12 месеци (од јуни 2019 до мај 2020 година) е најтопол период од почетокот на мерењето, со температура од 0,7 степени Целзиусови над нормалата.

- Advertisement -

Поради глобалното затоплување предизвикано од емисијата на стакленички гасови, за што е одговорен човекот со своето однесување, планетата веќе е потопла за 1 степен Целзиусов во споредба со прединудстриската ера. Тој факт предизвика низа други екстремни метеоролошки промени како што се големи горештини, суши и поплави.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -