Во Австралија се печатат куќи направени од марихуана

- Advertisement -

Изгледа дека наскоро ќе можеме да живееме во 3Д печатени куќи направени од марихуана. Австралиска компанија сега 3Д печати биопластични ѕидови, подови и кровови од марихуана, кои ќе се користат за изградба на еколошки домови.

Овие карбонски неутрални домови ќе се градат за само неколку недели и ќе складираат огромни количини јаглерод диоксид во ѕидовите. Компанијата, која ги печати, Mirreco, се надева дека панелите печатени од полимери од марихуана ќе се користат за станбени и комерцијални градби во целиот свет.

Не само што биопластиката направена од марихуана е полесна за работа отколку што е бетонот и е многу поеколошка. Биомасата од марихуана складира јаглерод диоксид во текот на растењето и го чува засекогаш кога ќе се претвори во пластика. За разлика од бетонот, марихуаната е обновлив извор. Нема доволно песок во светот за да се задоволи побарувачката за конвенционален бетон.

Специфичниот тип на песок потребен за бетонот често се собира од реки, а со тоа се уништуваат екосистемите и се заканува биодиверзитетот на растенијата, рибите и животните. Панелите направени од пластика од марихуана се структурно цврсти, лесни за производство и имаат супериорни термални перформанси.

- Advertisement -

Компанијата се здружи со архитектонска компанија за креирање дигитални прототипови на домовите кои наскоро ќе се печатат. Кога панелите ќе се испечатат, домовите се склопуваат за само неколку недели, за разлика од обичните, за кои се потребни месеци или години за изградба. Ѕидовите, крововите и подовите се направени од патентираниот полимер на Mirreco, додека прозорците имаат врвна технологија која УВ светлината ја претвора во електрицитет.

(Return To Now)

- Advertisement -

(фото: Mirreco, Instagram и веб страница)

Сподели!
- Advertisement -