Знаете ли колку време од животот губите гледајќи во екран од телефон или телевизор?

- Advertisement -

Екраните се секаде околу нас и речиси е невозможно да се помине денот без барем еднаш да погледнеме во екран – од телевизор, компјутер, паметен телефон до таблет, е-читач. Екраните се неизоставен дел од модерниот живот. Но, колку време всушност поминуваме гледајќи во различни екрани?

Според податоците на американско истражување кое го спроведе компанијата Vision Direct, просечната возрасна личност во САД во текот на животот поминува дури 44 години гледајќи во екран.

- Advertisement -

Истражувањето открило дека просечниот Американец поминува 6.259 часа годишно „залепен“ за разични екрани. Од тоа околу 4,5 часа дневно поминуваат на гледање телевизија, речиси 5 часа на компјутер, а нешто повеќе од 3 часа се на различни уреди за играње, додека на паметните телефони отпаѓаат 4,5 часа.

Ако зборуваме се заедно, просечниот Американец поминува дури 17 часа дневно пред некаков екран. Загрижува и фактот дека 75% од испитаниците тврдат дека би биле изгубени без своите уреди. Тоа посебно се почувствува во текот на пандемијата на корона вирусот, кога луѓето беа затворени дома.

- Advertisement -

Колку сите станавме зависни од нашите уреди можеби најдобро зборува фактот дека на просечниот корисник му требаат помалку од 10 минути после будењето да посегне за некој од кераните, а најчесто паметниот телефон. Притоа, прво ги проверуваат профилите на социјалните мрежи.

Сподели!
- Advertisement -