Германската апликација за ширење на заразата со корона вирусот е подготвена за лансирање неделава, најави министерот за здравство на земјата, Јенс Шпан. Апликацијата ќе биде претставена неделава, изјави Шпан, но не ги потврди шпекуѕлациите на медиумите дека ќе биде готова во вторник.
Од германската влада велат дека апликацијата ќе биде клучна алатка за да се избегне вториот бран на пандемијата. Апликацијата ја развија Deutsche Telekom и софтверската компанија SAP, а користи bluetooth со краток досег за откривање и контакт со луѓе со ризик од инфекција со корона вирусот и не се потпира на централизирана база на податоци.
Италија лансираше слична апликација минатата недела. Со оглед на тоа дека Германија почнувајќи од денес ги укинува контролите и ги отвора границите за соседните држави, Шпан ги повика луѓето кои сакаат да отидат на одмор да бидат внимателни и им порача да се замислат дали патувањето навистина им е неопходно.
Благодарение на опсежни испитувања, силен здравствен систем и карантинот воведен на средината на март, Германија има релативно ниска стапка на починати од корона вирусот во споредба со други земји, и покрај огромниот број заболени.
(Zimo)
(фото: Pixabay)